поткупи (св.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Империјализмот, кој значи поделба на светот и експлоатација не само на Кина, кој значи монополно високи профити за грст најбогати земји, создава економска можност за поткупување на горните слоеви на пролетеријатот и со тоа го храни, го оформува, го зацврстува опортунизмот.
        
      
    
    
    
      „Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
         од В. И. Ленин 
        (1917)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          „Првото е обичај на економскиот паразитизам, поради кој владејачката држава ги искористува своите провинции, колонии и зависни земји за збогатување на својата владејачка класа и за поткупување на своите пониски класи, за да останат тие мирни.“
        
      
    
    
    
      „Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
         од В. И. Ленин 
        (1917)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Му ја поткрена наведнатата глава и му се заѕури во големите крвави очи – Кажувај, бре сине на ѓаволот? Сега пак те поткупија?
        
      
    
    
    
      „Калеш Анѓа“
         од Стале Попов 
        (1958)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Зошто? - Ха, мислат тие дека јас ... божем ќе ме поткупат ...
        
      
    
    
    
      „Дружината Братско стебло“
         од Јован  Стрезовски 
        (1967)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Одеше во Битола, во Прилеп и оттаму, којзнае по кои врати, по кои канали, поткупуваше и носеше в село.
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Првин, жителите на Потковицата си мислеа дека се свампирил пустиникот Акиноски и дека таков, повампирен, бара да си ја врати крвнината, макар и од погрешен човек, макар од кого ѝ да е, па престрашени ја избегнуваа гората, (дури и овчарите уште од зајдисонце се прибираа дома) а тој, Арслан бег, со пушката в скут, на коњ, со дружината по себе, акаше низ полето, но само од изутрина до навечер; и не одбираше ни од изорано ни од посеано, ни од ендек ни од дол, божем за да се сретне со него, со отворот што го галатеше, а всушност ги вијаше и ги поткупуваше воловарчињата и аргатите да извардат и да му кажат кој се крие зад гласот.
        
      
    
    
    
      „Потковица на смртта и надежта“
         од Миле Неделкоски 
        (1986)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Ќе ти купам сладолед, само не кажувај им на мама и татко, - го поткупуваше таа додека стоевме пред лифтот во нашата зграда.
        
      
    
    
    
      „Јас - момчето молња“
         од Јагода Михајловска Георгиева 
        (1989)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Со што ве поткупија?... Можеби со марки... Тие имаат многу марки...
        
      
    
    
    
      „Омраза - длабоко“
         од Драгица Најческа 
        (1998)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          А можеби тој така ги поткупи да не го убијат.
        
      
    
    
    
      „Продавница за љубопитните“
         од Мето Јовановски 
        (2003)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И најголема банка да сум робел, тоа мора да се прува на суд, ама кај нас колку крадењето што го велите вие е поголемо, толку повеќе и поумни џаџови можеш да поткупиш за литл мани...“
        
      
    
    
    
      „Човекот во сина облека“
         од Мето Јовановски 
        (2011)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Амди Бајрам со вреќа брашно поткупуе 50 000 гласачи и праи резултатски пресврт на избори, а неговиот син Елвис Бајрам со завршено четврто одделение стануе градоначалник на Шутка.
        
      
    
    
    
      „Двоглед“
         од Горан Јанкуловски 
        (2011)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          А мангупот ѝ беше зел и мерка, па и алиштенца од мајка ми ѝ подаруваше за да ја поткупи, а таа одбиваше да доаѓа зашто почнал и да ја штипка и да ја срамоти, а тој само ја „мувал“ - така ми рече кога го искарав.
        
      
    
    
    
      „И ѓаволот чита пРада“
         од Рада Петрушева 
        (2013)