плус (м.)

По логорска норма, вели, 25 плус 5 и 5.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со колку плусови ќе го оцениш во твојот весник овој филм? - ја праша најпосле, страхувајќи да не ми одговори дека филмот е за минус, со што мајка ми ги оценува лошите филмови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во Иркутск е минус 40, на Флорида плус 30... Гргорат и се мешаат јазици, се преклопуваат насмеани и уплакани лица, живи и мртви, градови што настануваат и исчезнуваат, се мешаат географски точки, Амазон се влева во Црно Море, Волга во Атлантик...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Знаела и да свикува – си реков и ѝ додадов уште еден поен плус.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Политиката е чиста математика – плус и минус, множено и делено, ти давам – ми даваш, ти барам – ми бараш, на крајот победува оној што знае што сака, па бара најмногу, а дава најмалку, особено ако е посилен од другиот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Јас би ти дала единица со минус. - Јас пак единица со плус. - Кавалерски попуст.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Втората заебанција се случува ако го оставиш детето само дома. И плус ако нема наполнето 12 години?
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ме интересира како сега гледате на животот, што пишувате сега. Одвај стигнав до вас. Од цевка, во цевка како низ саќи, плус избенување стражи.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Плусот секогаш го добиваше за време на фестивалот на палачинката, кој секоја година се одржуваше во почетокот на јуни.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)