плускавец (м.)
Уште го болеа рацете, а на две места му се беа направиле плускавци.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Знаев дека воздухот е отруен со иперит (и жабите се покриваа со плускавци), додека многуте умирања на брегот беа предвидени како едно, мое.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Свртете ги дланките! Има ли плускавци!? Има! Значи добро работевте! А сега, Адеме, што сега?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ми се залепи за свежите плускавци и полека се движеше, а на страницата под него, една по една, почнаа да се оцртуваат големи, убави и чисти букви.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
длабоки ископини леи нива сепак ровови железни птици бучава луѓе зелена боја лице маслинови гранчиња чизми шлемови куќарки вреќи песок писок на деца на жени плач делови екстремитети старци глави прошетка без тело мршојадци храна конзерви знамиња шарени искинати ветер вее чад пламен чад пламен куклен театар отсечени глави поле посеано мини калинки оловни зрнца искинати страници свети книги молитвеници љубовни писма парички објективи камери од небото бомби микрофони од небото храна гребаници лице исекотини раце истуткани фотографии плускавци стапала урнати мостови нејасен шуштеж радио станица не музика нејасни наредби пеплосани амајлии урнати мостови немој! немој! бело знаме Тресна на подот и повеќе не гледаше никакви слики.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Другите ќе имаат плускавци на нозете, а босоногите и онака кренале раце и од чевлите и од ѕвездите.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
И затоа, не облекувај туѓи чевли или ќе ти ги стуткаат прстите на нозете и плускавци ќе ти се наредат по петиците, па кога ќе ти пукаат, сите ќе ја видат крвта што ти капе од меурите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Не молкот, ами душата и духот владеат со нејзините мисли и со чувствата на сите и кај сите одделно истиснува спомени, сакања и присакувања и така занесени го забораваат барем за миг болното стегање во стомакот, влагата и студенилото, печењето на плускавците, болките во нозете и рамењата и неотстапната потреба да се наспијат...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)