перверзија (ж.)
-Да не те отцинкам кај господинот циник Колја за твоите перверзии и дивверзии и тоа во неколку верзии, па ненадејно да се најдеш на најодвратната страница на Маргина, во уводникот за локалната сцена, која се чини и најмногу ти одговара познавајќи ги твоите локачки способности.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Идејата дека која било група може да посака да ја приграби доминацијата, контролата, власта, надмоќта над другите, е примитивна перверзија - дегутантна и застарена колку и ропството или канибализмот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Така проведена низ зоната на релативизмот политичката креација неретко станува позитивен хуманистички регулатор на животот, уметноста обична глупост и ситна перверзија потполно непотребна и бескрајно бедна активност на човекот, а мудрувањето пак чудно тивко суицидно опстанување во ништожноста.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Знам дека не пишувам и не осознавам ништо ново, дека и јас живеам или се обидувам да живеам нечиј живот, нечија стереотипна визија преполна со перверзии.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Бидејќи она што го гледаме на сцената сигурно не е чист егзибиционизам или перверзија.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Непреболени надежи, перверзии на вистината, трансгресија од лаги претворени во јачења, патила, занеси, болки и рани.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Каква перверзија, на два животни круга. Скендер-бег тука, Скендер-бег таму.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)