о (чест.)
О, зошто немав сабја јас, та со неа мавтајќи, да летнев како јунак в бој!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
— О, па вие денеска зедовте аванс!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
О, да можам сите солзи да ги соберам!...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Како?! — О, господе, овде не те оставаат и болеста да е твоја.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
О, тие вити танчери што прегореа од мрак. О, тие чудни девојки, што исчезнуваат без трага...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
А ако случајно се обидеш да испратиш по некој дисонантен прдеж - о, еве ги, чаршиските полицајци на духот, кафеанските мудреци ко пена на мртвото море.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тики (Ја граба за рака): О не, не. Ти верувам.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
На едно место (5, 9), Хорот дури ѝ вели на Возљубената: Со што е твојот возљубен подобар од другите возљубени, о, најубава меѓу жените?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Елефтерија, каква што ја имаше дадено Господ, просто откачи: „О, да. Еднаш. Со една црнкиња. Ама тоа не ме вовлече. Мажот е маж“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„О, Даниел, многу сум среќна. Одвај чекам бебето да дојде и да го видам. Знаеш дека ќе биде машко.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- О, тето! Сум заспала. Сонував сон кој целата ме растрепери.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)