одјава (св.)

Го наврте коњот на коритото, а сам тој испи, едноподруго, неколку копаничиња пресна вода, потоа се изми и преку сретселото, покрај ѕидовите Дамчески, одјава пругоре на Горник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јован ја понесе со себе, за последен пат, миризбата на пресно варено млеко, која испаруваше од нејзините пори, кога се гушнаа... ја остави со осум деца, иако тоа не е машки, по патот одјава кон планините... ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Со здравје, со здравје, синко... Синот попски истиот ден одјава на коњ за Костур.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)