одјави (св.)
Понатаму, мала, но сепак не безначајна промена која оди во прилог на работодавците, а која вреди да се спомне е измената на рокот во кој работодавецот е должен да го одјави работникот на кој му престанал работниот однос.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Имено, од 2004 година, наместо „веднаш“, тој е должен да го одјави работникот во рок од осум дена од денот на престанокот на работниот однос (чл. 2, ЗИДЗВОСН/04).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Конечното решавање на правниот статус на овие „проблематични“ радиодифузери се случи дури на крајот на 2010 – од кога, правно гледано, тамошните работници повеќе не се водеа како вработени, туку беа одјавени од списокот на АВРМ и пријавени, односно внесени, во евиденцијата на невработени лица. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)