оброси (св.)
Меле, како воденица со малку вода. Лицето му е со пот обросено.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се капеш, а од ѕидовите ти се смеат синолички и боливач, обросени од пареата. Сѐ цвеќе до цвеќе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Одиш по планините, самјачки
се задлабочуваш во далечините
веќе со години не-тука, не-ти
клекнуваш пред јагодите, шумските боски
розовата страна на смртта
со човечки мирис да ги обросиш
пред да се вовреш меѓу сушните лисја
пред да ги помамиш влекачите, шарките, поскоците
и да ја доживееш, глеј, одненадеж
уметноста на пелцувањето.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)