небе (ср.)
МАРА: (со главата кон небото). Амин! Господ да ти ја чуе молитвата.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Никој крај него немаше - вишното небе врз него, земјата скришна под него, над гробот врба стушена.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Сонцето веќе искачило над Трибор. Никакво петно на небото не забележува за да ги покрие неговите лаци.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Возот патник во ноќната мрака до небето расфрлува траг.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Потоа почна да потемнува. Над неговата модрина изгреа првата ѕвезда и уште пред да се слее планината со небото, овчарите ги потераа овците.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Би те кренале неми над своите немирни тежини да те поплави небето со белите трошки на погледот Дали тогаш твоето сонце ќе може да го озвучи кроткиот дожд на тишината Сепак не е зимата румена како нашите образи и не е вистински сетна како здивот на реката Побарај го слапот од надевање во извезената кора на мразот под која тлее жуборот на едно кревко сеќавање
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Небото нема крв, одговори неговата празнина а ова што мислиш дека е нож само е опашеста ѕвезда. А дали ветровите имаат нозе?
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тука престанува сѐ. Лежи и гледај го небото, својот знак на бик и не сметај се за измамен.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Не ги сакав темните бои, ни бојата на крвта. Не. Го сакав само изгаснатото злато на класјата низ кои, кога лежиш на грб и испитуваш над себе, небото станува неодгатлива привлечан тајна. Драго небо.“
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ветрушката пиштеше, се вртеше в круг, бегаше пред црно-белата двојка. Зад птиците во недоглед пловеше небото.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Две мали црни точки кои едвај се одделуваа од сината боја на небото, се покажаа на северната страна. Борко го закова погледот за нив.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
А веќе се смрачува пред него и се меша во замагленост и небото и земјата, и сеќава дека главата му се урива и во устата му крцкаат песочинки. И тоа е сѐ.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но еве, небото сега е зелено, тревата сина, но затоа пак покривот е црвен.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Потоа тато ќе ја обои куќата: покривот со црвена боја, ѕидовите на куќата со жолта, прозорците со кафеава, тревата околу куќата со зелена, а небото со сина боја.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
- Не, Зоки, - вели тато, куќата и прозорците можат секако да се обојат, но тревата не може никогаш да биде црвена, ниту пак небото кафеаво или пак покривот зелен.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Билјана молчеше. Неколку пати ги крена очите, ползејќи со погледот по тополите угоре, до нивните врвови што се забиваа во небото...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
15. МУ СЕ ЗДАЛО НА ПРАСЕТО ДА ПОГЛЕДНЕ В НЕБЕ - тоа в корито, божем в колевка, на грб штом го свртат со врела вода поливајќи го за полесно да се гребе белата кожа каде што скарата шарата ќе си ја црта...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
2. АКО ПРВИН НЕ СВЕТНЕ, НЕМА НИ ДА ГРМНЕ - погледнуваме наугоре во ведрото небе, во меѓувреме земјата одоздола ќе дрмне и без гром, без молња ќе се искаже себе...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Да се надживее зимата, да се излезе на сонце да се покажат ливадите понајвеќе гороцвеќиња, исусови венчиња, црнокалугерчиња, да навјаса потоа папрад, да се прават од него сеници за на свадба, да се здогледа „свекрвинското“, „зетовското“, „тешкото“, да се види онаа бела дарпна на свекрвата, она од сонцето озарено црвено јаболко забодено во врвот на свадбарскиот бајрак па одново потоа да дојде ноќ, ѕвезди на небото, кои само да потскокнеш – да ги дофатиш, и во заедничка постела, исправени ти, мајка ти, сестричката и братчето да си ја испеете пред благиот сон „Оче наш“...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Пребледе, посиве небото. Беловина се појави на врв рид што вишнее отаде шума. Врз дрвената нога капки роса.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)