небо (ср.)

И како што се размешаа јазиците и наравите и обичаите, наредбите и законите и искуствата*: на Египќаните - геометријата, на Персијанците, Халедеите и Асирците - астрономијата, гатањето врачањето, маѓепсувањето и секаква човечка вештина; на Евреите пак, светите книги, а во нив е пишано дека Бог го создаде небото и земјата и сѐ на неа и сѐ по ред како што пишува; а на Грците - граматиката, реториката и филозофијата.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Тогива ќе да затрубат от небо седм труби ангелскии, и от тие труби ќе да се потресат небо и земља многу страшно, и ќе да падне слнце и месец и ѕвезди, а небо ќе да се свие како перде, и сите води и море ќе да се изсушат, а земља ќе да се запали да гори со силниј огин.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Тогаи ќе да се јави честниј крст от небо, ангели ќе да го носат и ќе да го постават на това место дека бил Христос распјат.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
И сега има две тела на небо, Христос и пресвјатаја Богородица. Тие се на сите христиани урнек.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Но господ на робјето виде од вишното небо колкав е нивниот ужас, и нададе уши стенчивиот глас да го слушне - плачот на тие што служат.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Блескавото сонце се беше искренало право над нас на небото.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Беше вечер, јасен вечер у Прилепа града, по безоблачно ми небо месечина плава, окол неја там безбројни, ситни ѕвезди сјајат, а и ветер тихиј, хладниј лист на дрвја нишат.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Во тоа време ете кај иделе низ море две ламји за да ги јадат штрковите; едно се приближале, и штрковите летнале пак вишно небо.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
При кревањето на завесата собата е во темно, само преку прозорците се забележува дека е забелено небото и настапува зора.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ФРОСА: Ама, вистина, што ќе беше бре, луѓе? Јас се разбудив околу полноќ и излегов надвор да видам кое време е, што ќе видиш: она небо ведро, месечина грее како ден, милина да ти е.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
2. Таму горе на небото зора руди, земја буди, ден морави шири крила и алова точи свила, таму зора црвенее - мое срце ми црнее.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Расцвете небо муграво крваво с’нце огреа, - над таа земја студена чуден се покров постила.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Погледот им беше устремен накај сртот на Беласица што се одразуваше на јасното небо како остра црна рецка: таму некаде во нејзиното подножје, се наоѓаат младинските бригади, нивна крајна цел.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
По светлото небо пловеше месечината, наѕираше во колибата со своето насмеано лице и како да им се потсмеваше на двајцата заспани другари.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се изви по прашниот пат надолу нејзината колона, песна се огласи по полето и долго низ зелените перки на пченките светкаа белите шамии на бригадирките, а високо на синото небо се оцртуваа лопати и копачи. Малиот водоносец остана сам на празната полјанка пред логорот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Развевај, ветре, в небото горе, развевај знамиња бескрај, празнувај празник, Родино мила, на трудот празник - Први мај!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Рано е утро, - зора се зори, на исток небо ко оган гори, - зора се зори ...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Развевај, ветре, в небото горе, развевај знамиња бескрај, празнувај празник, Родино моја, народен празник - Први мај!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
И ветрот се повлекуваше пред мене. Пред да ја затворам зад себе вратата на својата куќа, погледнав кон студеното ведро небо и се зачудив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кузман почна да се пресвиткува, темето скоро му се состави со грбот, шашливите очи набабруваа кон небото.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Повеќе