милост (ж.)

Затоа низ неговата уста се изли божјата благодат, како што кажал премудриот Соломон: во устата на премудриот влегува вдахновение, тој носи закон и милост на јазикот, со него ги врзува злословните усти на еретиците.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Знам, нечесно ќе е да почнам со играта овде, зашто со милост сте дошле.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
А мракот на смртта ја голтна без милост и таа фиданка бог што ја даде.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Стоејќи еднаш на куќа, ја видел жената му кај ги молзе кравите и од милост на убавите телиња слегол во двор и отишол до телињата да ги помилува ѓоа; арно ама кај го знаеше син му Велко оти штркот Силјан е татко му; Велко си имал едно стапче в раце, и видело оти телињата ги милувал Силјан со клунот, та и свикало на мајка си: „Мајко мори, види го штркот ќе ги јаде со клунот телињата!“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Таква мислост кон нашиот народен јазик треба да имаме и ние, ако сакаме да му останеме верни на духот на нашите предедовци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Милоста кон народниот јазик е наш долг и наше право.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Штом си има место националниот сепаратизам, тогаш тој треба да се пројави во милоста кон сѐ што е народно и на прво место во милоста кон народниот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
(На Костадина). Еј, побратиме!... За тебе е ова првина. Прва разделба од жена... Ќе заборавиш и на младост, и на милост, и на убавина!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Костадин вели: „Сите момински адети и сите свадбени редови ги земам на себе, само милувам Симка без пари, без пазарлак да ми дојде. Од чиста милост...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОСТАДИН: (По извесно двоумење). Не, не сакам жена за пари! Јас милувам, Симка од чиста милост да ми дојде, не за пари!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
МАРА: Во која туѓина беше ваша милост?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: Како ви беше на ваша милост името?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Во овој од богомолство пијан час сиротите беа великодушни. Ѝ делеа милост на Богородица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Е, боже сполај ми ти на милоста твоа оти направи дел и за мене!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секој гледаше да даде што може повеќе на манастирот и со тоа да добие милост и за себе и за своите блиски, та дури и арамијата Катар Ќаа му приложи на свети Илија седумдесет лири да го чува од вариите и потерите што го бркаа, со кои пари дедот Стале му го плати зографисувањето на Аврама Дичов од Тресонче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се ведна и помоли: - Милост, ефенди!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На селаните место за милост им беше само Бошко Манев, иако сега сите го знаеја дека е само јатак на Лумана и ништо друго.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
– Кадијата од Прилеп во Македонија Арслан-беј моли за милост и совет како да постапел со извесни разбојници што се појавиле во неговата нахија, подигнале бунт и ги погазиле твоите свети закони – и го отвори самото писмо.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Зар не се клањаат сите нивни слуги пред мене и бараат милост за своите господари?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќе