ме (изв.)
      
      
        
        
              
          Одеше по билата на ридовите, за да може да гледа и на едната и на другата страна, повремено ќе се провикнеше: „Ме, меее“, мамејќи го телето и очекувајќи да го чуе од некаде неговото мукање.
        
      
    
    
    
      „Бојан“
         од Глигор Поповски 
        (1973)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Секогаш кога ќе сретнеше некого да работи, му викаше:  - Мее, се козиш, се козиш, будало? А за кого? За џандарите?
        
      
    
    
    
      „Потковица на смртта и надежта“
         од Миле Неделкоски 
        (1986)
        
        
    
    
  
      
      
        
        
              
          Ме болеше грлото и ме болеа ушите - ќе умре Лозан Перуника, како да ми шепотеше некој невидлив пакосник.
        
      
    
    
    
      „Тврдоглави“
         од Славко Јаневски 
        (1990)
        
        
    
    
  
      
      
        
        
              
          Ме фати и ме сврте. Се опирав, но таа ме крпеше.
        
      
    
    
    
      „Прва љубов“
         од Јован  Стрезовски 
        (1992)
        
        
    
    
  
      
      
        
        
              
          Ете! Се глупирам, ја шармирам, ја терам да ме заборави.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА  бр. 19-20“
        
        (1995)
        
        
    
    
  
      
      
        
        
              
          Ќе оздравам. И сега се чувствувавм добро. Чесен збор. Ништо не ме боли.“ Таа ја кажуваше вистината.
        
      
    
    
    
      „Невестата на доселеникот“
         од Стојан Христов 
        (2010)
        
        
    
    
  
      
      
        
        
              
          Тоа е мој живот кој јас треба да го живеам и нема сила што ќе ме натера да постапам поинаку. Јас со грчкио конзул не се мажам.“
        
      
    
    
    
      „Белиот јоргован“
         од Хајди Елзесер 
        (2012)
        
        
    
    
   
   
         
	        