маст (ж.)
СЕЛАНЕЦОТ: А, жената... таа се мачела со свињата, таа мас топела... Сега сака да види нешто...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
СПИРО: Знам, чорбаџике. Мусака маст сака.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
СЕЛАНЕЦОТ: Море, речи доцна, не рано. Донесов вчера на пазар мас.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Маст, сирење, сланина, колбаси, јајца, мед, па кога по појадокот Митра извади и јаболка, круши и ореи, — изненадата немаше крај.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Та таа ќе има свој дом, таа ќе има свој маж кој секој ден ќе биде при неа, таа ќе има свое домаќинство, свои маски, волови, овци, кози, свои ниви, амбар со жито, каци со маст, сирење, сланина, та што ли не ќе има!?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Петко пак, како манастирски слуга, ѓак, му носеше на владиката мед, ореви, сирење, маст од манастирот; го придружувале на враќање до Битола, бидејќи владиката неколку лета летуваше на овој нов манастир, та и тој беше познат во митрополијата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сите десет души влегоа во темнината во Прилеп, секој сам со no едно магаре товарено борина, штици, чатми, маст, сирење, волна, жито.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И така направија. Му дозволија прво на башибозукот, кој и без дозвола почна да се враќа по своите села со богатата пљачка од овци, кози, говеда, коњи, алишта, жито, бакар, маст, сирење и сѐ друго што претставуваше некаква вредност.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Претседателот, сиот блед и изгубен во вратата, поцеден по муцката од маста од пржените јајца, што ги поручуваше, со касајот в уста, да го акнеш со тој чекич, истапен по камењата, што ги кршеше со него во ѕидањето и сиот бел од исушен малтер, ех, зошто не го стори тоа, зошто...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Јаготките беа зрели и црвени како крв и во устата на Трајчета се топеа како маст.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Сланината веќе почнуваше да се топи, маста паѓаше врз жарта, предизвикувајќи мали пламенчиња.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се прибра во колибата, стави малку маст во тавата, стави топла вода, во неа сол, па во таа топла, масна течност, го надроби како камен стврднатиот тричник.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Од краевите на устата му се слеваше маст, брадата му светеше измастена, но Бојан немаше време да се брише.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сиве преку неделата накупи: маст дваесет оки, сирење педесет оки, та Мара слушна в село дека тој и маска пазарел, ама не ујдисал.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Алишта, маст, сирење, а особено пари и женски накити од сребро и злато.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Новата власт започна и со реквизиција, собираше месо, жито, маст, сирење; постави нов кмет и донесе нови мрежи за ловење риби и им ги раздели на рибарите да фаќаат што повеќе риба; власта ги пречекуваше рибарите и уловената риба ја делеше на два дела: еден за рибарите, друг за власта.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Полине почнаа со реквизиција: собираат жито, добиток, сирење, маст...“ „Ми дреме...” „Да ти падне, да даде господ!“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ѓеро вели дека бакрданикот е подобар со сало, а Гоше - со козја маст.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Бакрданик со козја маст, вели, мртва уста ќе зине да касне.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Со стомаци надуени и безброј тешки падобранци јаделе со сласт и овча маст.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)