мастурбира (св. и несв.)
Голи, стимулирани со афродизијак, збунети од постојаното набљудување и спреченоста да се олабават со мастурбирање (ерекцијата во сон автоматски вклучува огромна електрична зујалица чии вибрации го исфрлаат субјектот од креветот точно во смрзната вода, со што случаите на водени сништа се сведуваат на минимум).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во перформансот Уметноста и револуцијата од 1968 г. Брус го јаде својот измет, ја пие својата урина и мастурбира пеејќи ја австриската химна.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Таа жена мене од памет ме вадеше. На сон свршував. Мастурбирав.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Америко, лична наша слико, ти надеждо, шансо и прилико, мајко, снао и мила невесто, ја на тебе мастурбирам често.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Би мастурбирала цел живот да немам други здодевни обврски во животот.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Дали често мастурбирате? (Пауза.) Јас, да. Петпати дневно.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Густав моча зад куќата. Густав црта со јагленче на столбот од оградата. Густав мастурбира.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во тој момент недостигаа само сестрата Љуба и батето Жучко да се прегрнат и јавно да мастурбираат.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)