лудо (ср.)
И гледах тамо написани сите мои - луди и гнаснии лакрдии и песни грешни светскии, сѐ до една реч, што е лоша.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Гиздави девојки градски, веч вас стигна, чукна европејска поразија френски луди моди.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Голем нишан има, лудо, — Собуј ми скорен, Јано, Од деснава нога. Ов, аман, аман!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
АНТИЦА: (преку песна). Ти си спремаш брзата коња да врвиш Мене, лудо, кому ќе ме оставиш?
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Русе седи на мостето, На мостето искршено, Банџе се вози во чунчето, Во чунчето на предница: (арија) Сам си весла, сам си прави, Песна пеи, лудо, сѐ за тебе, Песна пеи, лудо, сѐ за тебе Како да те, мори, граби! (арија) Бог да бие, Русе, твоја мајка, Твоја мајка, Русе, Ангелина, Што не те дава, Русе, кај што сакаш, Тук’ те дава, Русе, кај што нејќеш... (Додека Антица, потресена од песната, силно плаче, кумот расположен гордо го отресува ќесето и фрла бакшиш во дајрето).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
И луди ветришта само пеплишта носеа ги трупаа едно над друго едно до друго од сите векови повисоко ридови израсна камен гол црн камен.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Гласот надоаѓа како бран, се напнува и плиска, се разлева во него широк мирис на темјан и луди треви.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Но тоа било пред сто, пред двесте години, лудо! - И пред илјада да било - не сакам! - упорничеше Елена.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Врви си по патот, лудо, море. Мене не задевај! Ајде, лудо младо, море, Крши си го вратот!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
По мравките дојдоа ветрови; налетуваа, како луди коњаници му ја зашеметија главата на езерото, го збрлавија; потоа се нафрлија на селото, ги однесоа сламените покриви од плевните, ги кренаа послабите чатии и оџаци на куќите, ги орезија вратите, прозорците, ги испокршија дрвјата и спраштија некаде.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Сите беа избезумени и како луди трчаа де наваму де натаму по улицата.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Сите, притоа, избезумено се погледнувавме, се фаќавме за рака, како тоа да може да ја намали опасноста, а понекогаш како луди претрчувавме по улицата, само донекаде и пак се враќавме назад.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Пеј, Велико, пеј, ' ми вика Уља, Смилјанине, лудо дете, пејам, смил ти појас половина, пеј и играј, Велико, ја слушам Уља, сен ти лудо убавина, велам, што ти лице повенало.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Напред, пред гостите и домаќините, одеа ергените, пред нив чупите, а пред нив, сам, свирачот; чупите пееја: Фрли го, лудо, шеширот, оти е место нагорно, оти ќе се лудо испотиш, Ихиии!... а ергените одговараа, исто на шака: Фрли го, Досто, опрегачот, оти е место каменливо, оти ќе се, Досто, засопнеш, Ихууу!...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
1. Скриен во сонет како во сонот, Римуван, а неразбран, На пусија дочекан, гонет Од стин и троглави змии, Занесен, во сонот изгубен, сет Изѕемнет, поцрнет од рими, Од своите луди посестрими И од аждери- ѕверки, душодерки; Сонет, недосонет, буден Слуден и студен од мори, Сосема сам, над димни гори, Фатен во тешко оро Со студот и со зборот, Од темни ноќи, до бели зори.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
КРТОВИЦА: Се церат и се клиберат како луди на брашно.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Никако не можев да сфатам дали тие клинци се интелигентни, или луди, или едноставно имаа пилешки мозок со смисла за хумор и гардероба.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Понекогаш како луди ќе се фатат за пенисот, хистерично врескаат и ги молат другите да им помогнат да го држат, за да не им побегне и да го пробие телото.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Луд се правам затоа што сум попаднат во рацете на луди луѓе кои мислат дека се стопани на вистината.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Бевме толку убаво расположени што по улица одевме гласно кикотејќи се како луди на брашно, се клатевме и секој час се удиравме еден во друг.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)