лудорија (ж.)
Се губи во еден необично возбудлив свет и во него е готов на секакви лудории, да го минира светот или просто да убие некого.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Училница е ова, и такви лудории и поделби не трпи.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
На стариот Караман оваа детска палавштина не му се допадна, па почна да ‘ржи, да се отима, додека Стрела, која беше летошно кутре, ја прифати оваа детска лудорија како знак на највисоко внимание .
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Никогаш да не поверува човек, во неговото срце имало место и за ветар и за други такви лудории.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Така, универзалната Божица, природата, постанува машина. Човекот ќе предизвика лудории.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А тој беше толку многу радосен да ги собере сите и од возбуда и еуфорија навистина правеше лудории.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Бурата ќе се смири во океанот од лудории на твојата младост Јас ќе самувам, капетан со длабока старост!
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)