лик (м.)

Им рече... ја гледаат збунето Гегите неа: лик на природата сама...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Расплетувајќи долги коси, врз нив тури пепел: го презре својот убав лик.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
(Решително, со цврст чекор се упатува кон спалната, но во моментот пред да ја отвори вратата се појавува Духот на слободата во лик на убава девојка облечена во бела облека, со распуштена долга коса, со факел во десната рака и венец во левата).
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
О ти, моја душо страдна, О ти, ум мој – пламнат жар, не се нити сенки вијат, нити мајкин страден лик, туку, ах, е прво либе, сон не знае, гори в жал гради кине век да скрие – чека в младост ноќ и ден.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Па и кој ли ветар вее и ме фрла в силен студ: дали сенка на див силен ели страден мајкин лик?
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Туѓ на секаков земен лик, туѓ и на страстите свои.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Сам, како некој нестварен лик меѓу луѓето и сонцето стои.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
А сега остана само еден насмеан лик црно урамен над прагот и над столбовите и една голема тага висната од балконот студен мразулец забоден во градите на земјата каде се растура во ништо една прашинка од човек
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Но тоа не беше негов лик.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога не успеа, ја дигна главата кон скоро излезената месечина и болно почна да завива, како да му се поплакува на својата судбина на тој студен, далечен лик.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Волчи лик: две смрзнати црвени зеници косо спуштени кон широкиот корен на носот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој привлечен лик ми ги ослободуваше жилите од потаен страв дека од некој континент ќе напливне нова солдатеска за да го уништи светот - листот на дрвјата, бубачките на тој лист, птиците и луѓето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Жив ли е уште оној самоук сликар, оној што ми покажа еднаш десетина човешки ликови претставени во птичји профили? Луѓе - птици! Човек - гавран, пеликан, мршојад.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој не претчувствуваше ништо и беше со неизменет лик: усните му беа впиени една во друга, сокриваа под катинар збор - остар кристал - долго чуван и никому некажан.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пред очите и излегоа светите ликови на мајка ѝ, татко ѝ, брат ѝ, а како последна утеха ѝ излезе ликот на нејзиниот избраник Стојана со целата негова овчарска младост, свежина, бујност и убавина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Откако ги изгледа двата лика наизменично, му рече на Арслан на каурски: – Погледај го ова лице, Арслан! – и му ја покажа Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се запре пред огледалото и кога го виде својот лик, со потечени очи од спиење, со расчорлена коса траги од мармалад околу устата, останати од синоќа го исплази јазикот и му се искриви на својот лик.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Истиот лик... секогаш истиот - широк, груб, во едниот агол со фотографијата на фабриката во која работи Крстан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Телото сосема му клонеше. Но копнежот по незаборавниот лик на убавата мома, со некаква скриена сила му ги движеше уште нозете. ...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Како федери да исфрлија ѓавол од детска кутија - виде непознат лик и го зграпчи столот од зад себе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе