ликува несв.

ликува (несв.)

Други ќе расудуваат оти со полното отцепување, од една страна, ќе ликуваат нашите непријатели, коишто ги насочуваат сите свои сили да ги ослабнат балканските Словени за да си подготват почва за разделување на балканските земји помеѓу нив, а од друга страна, оти тоа ќе нѐ натера нас Македонците да се откажеме од нашиот прв долг, да се бориме за политичка слободија, да разрушиме сѐ досега направено и да зафатиме сѐ одново, така да се рече, од азбука.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ајде аирлиа, нека се живи, вековити, да се ќердосаат, некој к'смет господ да му даде“, и си продолжи да си ги брбори другите молитви, па дојде и до: „Исаије ликуј, Свјати мученици и Слава тебе Христе боже апостолом похвала".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За ова време Аџи Јане ликуваше со забитот и целиот екипаж.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Најубава куќа со многу соби, со ходник, со чешма и со клозет! - ликуваше второто дете.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Крстовица забави чекор во кој Кузе забележа страв. Ликуваше кога гледаше такви.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Перса ликуваше што сепак се исполни она што го посакуваше, но, се разбира, среќна беше и Пелагија што ги гледа кумовите и нивните деца добро нахранети и добро облечени.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Го виде неговото смрачено лице, чија убавина се расточуваше како боја на дожд. Тој се плашеше, а ибн Тајко ликуваше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Избран ли е наврапито, избран ли е со некаква злоба меѓу толкумина други, или пак со него валијата, сметајќи го за слабак, одново си поигрува ликувајќи, за да му каже кој е заправо тој, не она што мисли, па да го понижи, и да го примора уште еднаш на покорност и спремност да биде благодарен на сѐ?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Спореди го сега ова и ова, - ликуваше Рангел. Тој се радуваше како дете.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сонцето качено на огнена колесница што ја влече зелена раскрилена птица го исмејува на заровите блескотот А тие од лутина трескотат трескотат по синорите на таблата. Ликува со трескотот раката на маестрото. *
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И ако го пресечеше крпењачата просторот меѓу двата камена што го обележуваа голот, настануваше вистинско ликување.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сега имаш доволно докази за живот - спомени кои ја потхрануваат имагинацијата небаре е суета - долго ликување на заборавот, невидима јама. И, се разбира, парадокс: ќе биде она што најмалку си го посакувала во склад со законот на убедлива веројатност.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Гица и двете братучеди, на Миќо го посматраа стоејќи понастрана призорот што се повторуваше, на мое ликување, уште неколкупати со истиот крај.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Рада почна да ликува во себе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Холанѓанецот на сето тоа толку многу ликуваше, просто лицето му светна од среќа како да не ми се одмаздил доволно за тоа што му го сторив.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се освестив од сонот, кога сватив дека пред мене ликува мојот бивш дечко од Холандија.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во рацете го држеше „џокерот“ со кој можеше да ликува.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада иако молчеше, во себе ликуваше за својата осмислена приказна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)