каде (сврз.)
Но каде да одев, да скитав, јас не сретнав појунак човек, жено, од сина ти сакан.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
133. Константин Порфирогенит (905-959) е византиски цар и автор на повеќе историски списи, меѓу кои и „За управувањето на Царството”, каде што дава многу податоци и за доселувањето и животот на Словените на Балканскиот Полуостров.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Така разбирајќи го долгот кон татковината, јас се решив, прво, да го изложам моето разбирање на народните идеали на Македонците во еден ред расудувања, прочитани во петроградското Македонско словенско научно-литературно другарство „Св. Климент” 1, а после и да ги напечатам во оваа книга, каде што се поместени и расудувања непрочитани во споменатото другарство.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Кога се ослободи Бугарија и се усили државата на Немањиќевците, во која влезе поранешниот дел од Македонија, т.е. денешна Србија, – таа, т.е. Македонија во денешната нејзина големина уште остануваше византиска земја, каде што продолжуваа да се креваат востанија против Византија, за коишто се бараше сојуз и покровителство од соседните држави.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ама, се рекло: каде што женина рака чеша, друга не!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Ако ви се случило некогаш да сте избегале од дома и првата ноќ да ве затече сред опустени бавчи, каде што шумот на ветерот ви се причинува како сподавен викот од многу гласови, ќе разберете зашто на Мечета – така се викаше тој – сега му тупка срцето како на врапче затворено в клетка.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Куќерката моја, суниска и тесна пред мене ми личи ко внекоја бајка, кај дедо ми кажвал приказни и песни, над лелејка каде ми пеела мајка...
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
- Сите, ефенди, - рече Бошко и, сигурен дека за Мирчета сиромавиот не ќе се лути и ако му каже, додаде: - само еден, ама толку е сиромав, што пес нема каде да го фати!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Така еднаш брезничани, зашто селото каде што се пее оваа песна се вика Брезница, заприкажуваа за Лумана арамијата.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- Јас ги добројав годините, па пак не ми се легнува, а не тебе што си каде-каде помлад, - рече дедо Најдо.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Каде да отидам, каде да залутам, знам – никаде од нив себе си не ќе се скријам.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Траеше денови и ноќи, денови и ноќи, а некој постојано трчаше и ги прескокнуваше темелите, се препкаше и паѓаше во нив, барајќи го, како некој изгубен дел од облеката, она свое насмеано и широко место, својот чекор, постојано крвав и палците и по колениците, постојано крвав на лактовите, истоштен, со последните сили, како човек, кој еве, за малку, за една трошка, што не дошол на дофат на нешто, што одамна го гони, и кој што ги прави последните напори за да го достаса, да го прескокне, и така, постојано, сето време додека нивното градилиште се престоруваше во едно проколнато место, од кое чиниш сите сакаа што побргу да се витосаат и да се мавнат, во едно чумаво место, во една болна арена, по која што умираа, крварејќи, и лавот, и гладијаторот, кадешто им солзат очите на сите мајстори, бидејќи веќе сите добро знаеја дека она си беше отидено, дека црвениот лав на сонцето беше веќе бесповратно папсан.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога немаше фудбалски натпревари тие знаеја да заскитаат низ полето, што се будеше, и таму, крај реките, каде што си ги переа своите кошули и чорапите, да го имаат пак она чувство.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Наместа снегот, натрупан по дебелите стебла и гранките на буките, сосем ги скриваше дрвјата, некаде пак каде што тој не навеал добро или се одронил пред време, се покажуваше црнилото на испреплетените стебла и гранки.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Дури кога дојдоа на ширината пред Вандевци, каде што се продаваа воденички камења, Бајракот се заврте и му стори ишарет на Јована да побрза.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ми се чинеше дека кога јас би била на нејзино место, би побегнала од дома, каде и да е, сама во светот.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Не знам дали постои друг град во Европа со толку многу слаткарници, каде што се консумираат во изобилство унгарските слаткарски специјалитети, а сега, во летните месеци, и сладолед и пиво.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Јас ја кренав главата и видов една ѕвезда што се заниша и што падна од небото над манастирот. Каде што падна и отец Висарион. 21
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ама другачките не беа сите такви. Некои само гледаат во сонцето до каде е искачено.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Потоа садриазамот му подвикна: Каде се луѓето? Таму, рече старецот покажувајќи со рака преку главата на садриазамот на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)