истргува св.
истрга св.

истргува (св.)

Па после, ти велам, се искрадува Мисајле Ковачот, се истргува некако, никој не виде во тој прплец кога отиде дома и кога се врати од дома, туку еве го со пушка в раце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ноќта е долга, одвај се истргува, одвај се одгрнува. Не му попушта лесно на денот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Пушти ме, мајко, сама ќе си одам, вели Капинка и се истргува од рацете мои.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се истргуваме од Гревена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оливера ниша со главата и си ја истргува раката. 30.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Таму, вели и се наведнува, ни го истргува завојот од рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)