ископа св.
ископачи св.

ископа (св.)

Но како ви се чини, дали таа борба ќе биде победоносна за нив? – Не. – Таа само ним ќе им го ископа гробот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од црна земја ќе ги ископам, само Костадин да земе што му срце милува!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Очи црни ископајте да гледајат не давајте, раци машки прекршете срце лудо наранете.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Ископајте длабок бунар извадете ладна вода натопете лути рани да не горат, да не болат.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Ако со око погледнам око е — да го ископам, ако со рака посигнам рака е - да ја исечам.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Беличот остана горе со бригадата што го расчистуваше веќе ископаниот канал, а Мече беше одреден за водоносец на една бригада што работеше на реката.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И кога наскоро излегоа на првата височина, откаде што се гледаше целата околност како на дланка, пред очите им се покажа радосна глетка: во самото подножје на планината, низ високите пченки и приведените главички на сончогледите, раздвижени како мрави, работеа младинците, се разнесуваа тврди удари од копачи и лопати, а во должина од неколку стотини метра се црнееја купишта од ископаната земја....
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мече дури тогаш се присети дека меѓу ископаните купишта земја крај каналот и на реката, виѓаваше многу корења испреплеткани во чуден сплет.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сеедно. Не ќе вредеше. Сите очи на тој ѕид не ќе можеше да ги ископа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Таа стоеше пред него и се мачеше да ископа од себе некој збор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Така е, Тој не ќе ги остави да ми го ископаат срцево и да му го пратат како подарок на некој дамкав и `рскавичав реонски секретар што остарел предвреме од алчност додека му грабал и ништо не му давал на животот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Легендите, дека коњот на Крале Марко можел да ископа и од камен вода, се забораваа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
После пак ми пророкуваше: едната нога ќе ми ја разнесе динамит, ушите ќе ги изгубам в битка со овчарски пес, љубоморен човек ќе ми го ископа бубрегот со нокти...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Јасно му е сѐ. Од визбата на дуќанот до водоводната цевка е ископано три метри.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Со клинец неговата треперлива рака ја ископа на ѕидот над одарот, каде што лежеше, реченицата што почесто му светнуваше во мозокот: Тука згасна Арсо во лето илјада деветстотинии и трето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Поворката на закопот го пробива снегот и ги напушта селските сокаци, одминувајќи бавно по стапалките само на оние двајца, што беа отидени изутрина да го ископаат гробот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Врз неа стави поголемо црвеникаво камче што го ископа од снегот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Веќе си голем и треба да знаеш. Мораме да ископаме подземна скривница.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Скривницата беше длабоко ископана во земјата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И како дете што со млекото на мајката Го вселува во себе и законот на чемерот и болот Така во коренот некои жива маѓија го оплодува летото: Црни и златни рани ископани во глава на ангел Од праискони кружат крај тие сончеви реки А сонце нема и лека нема: Се крши стеблото И паѓа сенката Скитникот сам што си ја фрла за да почине во неа.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Повеќе