ископачи св.

ископачи (св.)

Не е само да се ископачи земјата, туку и да се исуши водоврикот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- А не- рече поп Доне. – Штом запролети, ќе ископачам некое нивче некаде по ридиштава, или кај че се најде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Гледајќи во двете ископачени букви на длабоката резба, чувствата ѝ беа одвоени како вода и масло. Бистрата вода остана на дното.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)