заклокоти (св.)
Отец Симеон не можеше да се насмее, весело да заклокоти од грло - сувата кожа на усните безмилосно пукаше од жештина. „Ќе успеете“ ,им рече не гледајќи во нив. „Ќе се обидете ли?„
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сѐ заклокоти и се измеша во една црна и јаросна маса.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Фронтот се сторил зовриена аранија, котел заклокотен, пекол невиден и нечуен.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)