заем (м.)

Но од русофилството таа се восползува со заемот, направен при руско содејство, а друго и најглавно, не ги поарчи позајмените милиони за воени потреби и со тоа ги остави полни државните каси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јунаштина на заем не се зема, а ни со пари се купува.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ако не, нека дојде, таа ќе му даде на заем. И му намигна да не ја види Илко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А тоа што можам, правам, еве, ако сакаш да ти дадам на заем, па како што е редот ќе ми платиш.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога некој ќе се најдеше да дојде кај Бошка и наместо да побара заем да моли за прошка, тој ќе му речеше: - Не можам, не моли ме.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кој нема, дај му на заем и тој ќе ти плати, со фајде ќе ти плати. Разбра ли!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зеде на заем од добри луѓе од Дуње некое кило ’рж и зачека што ќе стане понатаму со неговите одведени деца во Стамбол.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Делкај цела ноќ, ќе успееш“, го храбреше и пиеше на негова сметка ветувајќи дека заемот ќе му го врати во оној час кога ќе се обогатат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На Крстју му недостигаа куршуми и ние решивме да ги земеме на заем од тебе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Така почнува со кафе. По некој ден еве ти пратеник од каушбашијата, заем му бара дваесет гроша.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Заем не даваш... преврти ги џебовите!“ Патрокле не може да каже збор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И тргна од бег до бег да бара на заем од кого пет, од кого десет лири, лажејќи секаде, дека купил нива на Чанишко и треба утре да му ја доплати за да го земе сенетот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
25. НА СВАДБАТА ЗГОРА И АРАЧНИКОТ МУ ДОЈДЕ - оној службеник ревносно што собира наем, а, пак, јадењето, пиењето и свирките тој ден ги пресмета во тефтерот за доживотен заем...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
А се случува и тоа родителот да нема пари за нешто многу важно да купи, да плати, а вие ако му побарате ќе ви ги даде, и на заем ќе земе, дете сте му, а вие ќе ги потрошите не водејќи сметка дека тие се попотребни за нешто друго, одошто за вашето одење в кино, одење во слаткарница, купување на некаква модерна кошула, маица и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Најпрвин видов некои листови испишани на турски со арапски букви, за кои претпоставував дека се купопродажни договори, потоа потврди за заем со кирилски букви и еден куп листови, грубо подврзани, испишани исто така со кирилски букви, како и еден исечок од весник.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не знам дали го вознемири моето однесување господинот Иван Степанович, но тогаш првпат пред мене лично спомна дека отсекогаш имал симпатии кон својот стар соборец и пријател Семјон Иванович, дека му помагал, колку што можел, и дека, еве, на крајов, го ослободил од оние камати во врска со оној заем за фордот што реално гледано тој му ги должи а сепак не бара да му се платат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Модри од лутина, тие не ја споменуваа водата, туку нешта поврзани со меѓусебна завист и омраза - дека Сотир му купил стан на зетот в град, дека Михајло живее од наполеоните на дедо му украдени од компањони во Америка, дека Бамбо му ја дал кобилата на Бориза Штопар со мана, дека ќерка му на Бориза е вратена три месеци по мажачката сосе машината за шиење, дека Васко Бурзаноски клавал шеќер во комината за ракија, дека голем проклетилак има во сојот Куцалев, што ќе земе на заем никогаш да не врати...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Освен тоа, тој беше нешто како сараф – даваше по луѓето пари на заем, како што сега банките даваат кредит за малото стопанство како што го викаат, на кесим, како што се вели по турски и со убав интерес така што тоа, исто така, му помогна да се збогати. Србите нив ги викаа зеленаши.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога таа се намурти во неразбирање, ѝ објасни дека и книги се даваат на заем и дека таму тој е само помошник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ни да се продаде имотот, ни на заем да се даде, ни да се наследи, сѐ додека бог не ја наследи земјата и она што е на неа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе