заемка (ж.)
Беше среќна што најпосле завршуваше мисијата на обајцата во потрагата на османските заемки, верувајќи дека најпосле ќе се свртат кон покорисни работи во куќите и семејството.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Заемката која преживуваше во неколку балкански јазици, со мали и незначителни модификации кои се должеа повеќе на природата на новиот јазик, според Камилски, филозофски речено може да биде и pierre d` achoppement, камен на сопнување, односно повод за дебата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој тоа го вршеше умешно, брзо и ефикасно, што беше последица на здобиеното искуство во откривањето на најкарактеристичните османскотурски заемки за натамошна обработка според почетната замисла, но и измените до кои дојдоа во текот на работата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)