жилав (прид.)

Висеше над земјата како да е обесен за нешто додека жилавиот Андон му се плеткаше околу нозете.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Вратата ширум се отвори. Во месечевиот поток влезе тој - висок, жилав, како школка затворена во себе. Ми се претстави.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Големото око на таа колона се заситуваше од едноличности и го впиваше погледот на долгиот жилав тил, во грбот пресечен со светкави ремени.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Има сив сомотски жакет, дискретно распаран под левата мишка, сина кошула од грубо платно и стара црна кравата лошо врзана околу долгиот жилав врат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се тресеше, корените му беа жилави и го држеа исправен и страшен, безумен од туѓиот отпор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сева корија и сиов камен што го гледате длабоко под мене протегна жилав корен и мојава става што вишнее усамена под ридов сте вие.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
По стеблото симни се и жилав заврзи корен да му бидеш Врв да ти биде Не чекај!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Подај ми ја раката јас мојата ќе ја кренам вишно стебло врз жилав корен да врзе.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Најпрво се спогодуваа со некаков арабаџија, жилава пенушка со исламско спокојство во очите и мислеа дека се ќе е како што бараше Отец Симеон.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Цветав во прашина и во малограѓанска здодевност под знак на крст, тогаш жилава фиданка со нејаки боцки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На волците не им требаше многу време и за да наскокаат и за да се вплетат еден во друг, насобирајќи се во својата жилава топка, што отскокнуваше, прштеше, цвичеше и крцкаше со забите, неразделно вчекнати околу голите коски на смртта, како во својата единствена и неизбежна патека кон сите идни вакви ноќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа познати како жилави, издржливи, цврсти луѓе и непобедливи пеливани.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
4. СЕ ДРЖИ КАКО СЛЕПИОТ ЗА СТАПОТ - така и за бирократот се говори често, но пак му се уважува жилавиот напор за авансирање и за нестоење во место...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
И кога по неа набабри втора врз зеницата на Пандо, се подигна старечката рака и дланка рапава, жилава, ковчеста, но бодра, ја откинува за да не остави лишај на пониженост.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
По трапиштата и излоканите места растат ниски, жилави, опори растенија: глог, шип, дрен, капина, повит, - прилагодени на скуден живот и осудени да ја држат земјата по падината да не се рони, да не ја свлечкаат дождовите.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Изгледаше дека главата го влече кон облаците безуспешно трагајќи се до јакиот жилав врат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Ќе можам. Како ќе ме управуваш, така ќе одам. Висок сум и жилав ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Беше ситен и жилав, благ во лицето и уште поблаг во зборењето, работлив и сиромав, со живи очи, сиви мустаќи, јаки безболни заби.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Разнишан и повеќе сенка на болната бабуњосаност отколку машкост со жилави раце, отстапувал со тромави чекори на мечок и пцуел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можело да се претпостави, доколку жилавиот старец не се споулавувал, дека нечие умеење пресметано уфрлува меѓу неколкуте стотини шаренолико облечени доброволни војници провокатор и гестаповски шпион.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе