жилаво (прил.)
Дури се гордеам што сум Македонец, син на еден измачен народ, кој преживеал толку вековни робства и пак не се поддал на непријателот, да го претопи, ами жилаво се држал и се борел за својата национална слобода.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Се вкочануваше, стануваше дрво: неговите корења жилаво се пуштаа во млаката земја, цицаа некој опасен отров, го умртвуваа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Секогаш наслутена во водите и мракот ти гриво блага гриво груба нерамнодушно смела секогаш жилаво месо на земјата и ноќта гриво остра сабјо немирна на виделото по сребрената врвица на просторот како зрак и како светкавица
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Нарачаа жилаво месо, го кинеа и гореа. Се менеа: беа испукани ками. До чело.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ајкули, постелете ги софрите, доаѓа храна, жилаво гусарско месо и дрвени нозе.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Луѓето се тискаа околу раскажувачот и тој сега личеше на глиста - жилаво издолжена над главите на другите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во крвавиот траг на боиштето остана само едно од тие изребрени суви тела, што се превиваше во морничаво, жилаво умирање, продолжувајќи за сето време да замавнува во празнината со своите задни нозе, чиниш и во своите последни соништа продолжуваше да бега, некаде во некоја шума, некаде меѓу некои стебла, однесувајќи ја и од онаа страна на животот својата исконска глад.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Оној секако не стаса уште ни да го види откриениот опинок во снегот, сега веќе сиот закопан во јамата, што ја испрета со сите четири нозе, кога сите други наскокаа врз него во еден налет од сите страни, вплетувајќи се во едно жилаво зачекнато клопче, кое почна да се преметнува, пиштејќи со шесте различни, нападнувачки гладни и бранечки молезливи и исплашени процвичувања, уште потесно прежилувајќи ја впиеноста еден во друг.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Неговите сили ископнуваа полека и жилаво, оставајќи по себе една пуста болка на увиснатост само во рамената и во тоа како можеа да бидат држени издолжените раце.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Иако и самиот со десетина рани на своето жилаво месо, Парамон се извлекол да се крие од планина на планина и да остава зад себе запалени сараи и заклани туѓинци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Отсега, ќе живеат тајно, во шумите: таа, Мајката и тоа, под светлината на денот – жилаво итар немирко што се провлекува низ најскриените патеки или мрзеливо, оптегнат на карпата, ги впива сонцевите зраци; откако бувот ќе зачуди - - змивче, што нечујно се претопува во темнините, во потрага по птичји гнезда.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Она што не ќе го додржи незакрепнатата снага на стебленцето ќе го компензира неговото жилаво свиткување.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кога пак Јаков ќе заминеше, таа не можеше да заспие и ги впиваше во ноздрите, исцрпена од дивата љубов, мошусните мириси што во нејзината постела ги оставаше неговото жилаво темнокожо тело и кои одново ја преплавуваа и до болка ѝ го јакнеа копнежот по него. Утрото го обои прозорецот во румено.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ако е животот казан, во кој по грешка ќе посакаш да направиш нешто ново, да измешаш нешто неиспробано, едното ќе се свари побрзо, другото ќе остане жилаво.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Како да се криеше дамна исчезнатото време во заемката која жилаво се одржуваше во новиот јазик и покрај сите можни погроми, јазични чистења, пуризми.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој жилаво се одржа во светот и во нашиов век.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сакаше конечно да го откорне од своето сеќавање значењето на тие зборови, кои жилаво се задржуваа, потсетуваа, беше невозможно да исчезнат засекогаш, остануваа прикачени во пајажината на времето...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)