дефиниран прид.
дефинира св. и несв.

дефиниран (прид.)

Но процесот на преродбата и денеска кај нас сѐ уште не е наполно научно проследен и дефиниран како поим.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога конструктот е дефиниран интензионално, неговата комплетна дефиниција вклучува три поими: генеричката природа (пр. вид) и биполарните опозити во кои тој се диференцира (пр. машко/женско) . . .
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Еве комунисти фашисти како партиите се распоредуваат во вака тоталитаризам дефинираниот политички простор:
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За младите сликари кои се изразуваат во периодот на пост-реконструкцијата, Бојс е особено и пред сѐ точно дефиниран хиерархиски симбол, тој е на врвот на пирамидата на современата уметност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се оддалечуваме ли од ограничениот дом, дефиниран со географските граници, или се вселуваме внатре?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во околина во која, од една страна, сопственоста станува сè поважна, а од друга, нашиот економски интерес се поместува од објекти кон информации, домот веќе не е дефиниран со географски координати, туку со пристапната патека во информационата мрежа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Брз речит одговор би бил дека нашиот вид е дефиниран со нашите огромни мозоци.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Станува збор за поим кој многупати е дефиниран на различни начини.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Перформансот, како перформативна уметничка форма, повторно оживува и тоа како речиси дефинирана форма, што никогаш, всушност, не била негова намера.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој е дефиниран во функцијата „добродетел за народот“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Секој поим што ќе биде и понатаму потребен, ќе се изразува само со еден збор, со строго дефинирано значење и со сите негови помошни значења избришани и заборавени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Истазија, помала од двете други и со помалку дефинирана западна граница, ги опфаќа Кина и земјите јужно од неа, Јапонските Острови и голем, но променлив дел од Манџурија, Монголија и Тибет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нивните колебливи од аспект на доверба сведочења, субјективни и под влијание на повеќеструки мотиви поставени во ист ранг со можното, но не докрај дефинирани, од ликовите на Бунар прават загатки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Светот дефиниран само преку приватната сопственост неопходно исклучува какво било постоење на јавна сфера која би била инклузивна и широко репрезентативна на разноликоста на различните јавности.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Што се однесува до постапките на Раде кон мене, одамна имав заклучено дека се однесува со внимателна наклонетост, иако, според неговите сфаќања, ние, луѓето од перото, бевме претставници на некоја чудна фела, недоволно дефинирана во ставовите; млитава во односите; недозволено либерална во постапките, и тоа токму во моменти кога ни бил потребен поцврст фат!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Поради тоа повторно оживеа нејзиното верување дека тоа не била жива змија, која лежела таму најмалку еден ден и една ноќ за да може да остави толку добро дефиниран отпечаток на тревникот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дефинирана рамнотежа меѓу реалноста, наизменично бранување на интимноста без рамнодушност кон постоењето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Од година во година таа нејзина заинтересираност станувала сè поголема низ историјата, а во XX век, веќе дефинираниот интерес дошол во судир со интересите на Австро-Унгарија и Русија, а во текот на Втората светска војна со СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во главата VII насловена како „Мобилност на вработените во јавниот сектор”, мобилноста не е усогласена врз основа на конкретно дефинирани критериуми пред сѐ во насока на утврдување на групи на нивоа кои треба да бидат еднакви во јавниот сектор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)