глуп (прид.)

64. Бугарија, како покојниот српски крал Александар, се објави самата за полнолетна и зафати самостоен ред глупости што се наречуваа од неа самостојна политика: Ги разруши арните односи со Русија и го повика Стамболова тој да ја предаде Бугарија во рацете на Тројниот сојуз и Англија, и да ја направи нивно орудие против Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
63. Тие глупости на бугарскиот народ се за нас Македонците како прародителски грев што ќе поминува од поколение на поколение.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
63. Како и на други места во книгата, Мисирков и овде му ги припишува на бугарскиот народ „глупостите“ што всушност ги правеле неговите претставници од разни партии и влади, на чело со кнезот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Глупост. Ти и не умееш да фрлаш камен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Глупост! Тој ќе е удавен и нема ништо да рече. Само ќе лежи глекав и ќе гледа на две страни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Смешно, рече некој што беше одделен од мене со леко подвижен превез на тутунски чад. - Таа енигматизирана филозофија е обична глупост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сето тоа што го мислев во тој миг ми изгледаше и како возможна вистина и како најобична глупост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ке туркаат ѕид со глава! Глупости!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Без страв дека ќе бидеш наречен празен фантазер или глуп, неспособен, дури и загрижен сопирач на она што се сака, очекува!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Глупост е тоа, најпосле, темен инстинкт на себичност“.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Гледање настрана и свртување назад веќе е глупост и само глупост, - се возбудува Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ја запознав својата глупост и немам веќе своја работа да свршувам! Дланката на Глигор падна врз челото на Арсо. - Гориш.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Истресов товар глупости, па сега затоа не ти се јадат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Фала му на господа“, рече жена му, „што се сетиле да те спасат од овие глупости“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Јас не разбирам. Јас сум глуп. Леле ама сум глуп.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Каква глупост, да ја земе Ели, и тоа сега кога тато се ожени.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Јас сум глуп. Професорот е паметен.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Зошто сум толку глуп, професоре.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
нѐ гледа во облеката, во ликата, ни бара пасоши, ние кажуваме дека ги исфрливме пасошите, од радост и од глупост ги исфрливме, велиме, тие нѐ редат под стража, шестмина, колку што бевме од Македонија, нѐ затвораат во пристаништето и нѐ сослушуваат, нѐ прашуваат кој нѐ испраќа во Бугарија, дали Турција или Англија, ние кажуваме дека идиме од Америка, се чудиме зошто треба некој да нѐ испраќа,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да можеше човек уште од првиот час да се привикне на такво нешто: едноставно требаше да се биде само малку глуп и лицемерен, тогаш сигурно полесно ќе дојдеше до подобра карактеристика и сѐ што следуваше со тоа парче хартија.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Повеќе