восхитувачки (прид.)
Овие восхитувачки компјутерски создадени геометриски форми ги украсуваат речиси сите популарни книги и текстови за хаосот.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Затоа и не реков дека за разлика од неговите сфаќања за мене љубовта претставува обично интимно доживување и дека токму поради тоа не гинам пред таквите метафори, кои навистина звучеа восхитувачки.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но тоа беа распарчани делови од некогашните восхитувачки целини. Дури и љубовните доживувања и спомените за нив.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Супер, тоа е восхитувачка глетка! – возвратив без двоумење.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Отворот на увото е восхитувачки. Таму звуците се одбиваат.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Дури потоа следи крајниот впечаток - завршува мојот млад пријател со восхитувачкиот пробир на аргументи за својата теза.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)