велосипедист (м.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Господе, си велам, сите велосипедисти се возат по небото, сирени и ѕвончиња ни се оѕвиваат во ушиве.
        
      
    
    
    
      „Небеска Тимјановна“
         од Петре М. Андреевски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Мислам сите велосипедисти се качиле на небото и се претекнуваат во чистиот сончев бескрај.
        
      
    
    
    
      „Небеска Тимјановна“
         од Петре М. Андреевски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Одлево, откај аголот, брзаше колата „брза помош“, оддесно јуреше една велосипедистка - прилично дебела дама, во црвена,     колку што јас можев да забележам, баретка.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 17-18“
        
        (1995)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Се отвори велосипедски клуб. Станав велосипедист.
        
      
    
    
    
      „Календар за годините што поминале“
         од Трајче Кацаров 
        (2012)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Какви соништа им се вртат во тркалата на суриите велосипедисти, ролери и други далдисани во здрав живот?
        
      
    
    
    
      „Светилничар“
         од Ристо Лазаров 
        (2013)