велосипедист (м.)
Мислам сите велосипедисти се качиле на небото и се претекнуваат во чистиот сончев бескрај.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Господе, си велам, сите велосипедисти се возат по небото, сирени и ѕвончиња ни се оѕвиваат во ушиве.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Одлево, откај аголот, брзаше колата „брза помош“, оддесно јуреше една велосипедистка - прилично дебела дама, во црвена, колку што јас можев да забележам, баретка.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Се отвори велосипедски клуб. Станав велосипедист.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Какви соништа им се вртат во тркалата на суриите велосипедисти, ролери и други далдисани во здрав живот?
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)