ами (чест.)

Ви се молим да ме не убиете бирден, ами да ме почекате, докад да си учиним душата моја теслим Богу.“
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
- „Ами како се удави сиромашкиот дуовник в море, бре чедо?“ му рекол татко му.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Ами не е чаре, стрико, да ми кажеш каква била клетвата од дедови ви за да не раѓате челад?“ му рекол Силјан.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Ами кога се правите штркови, им рекол Силјан, зошто сте сега луѓе?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Доста беше го запознала Илка со овој план, но плашејќи се да не ја расипи сета работа, се истрча пред него и му одговори на Трајка, милувајќи си го Толета по главчето, кое мирно цицаше на левата града — Море ами . .. шо да велиме ние, браче Трајко?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Ами сега?... Таа знаеше дека пашата ќе побрза по неа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ами... зошто ќе ѝ е само за неколку дреи. Со рацете зафаќа од езерото и така прска, стегајќи го со колената фустанот да не ѝ се намокри.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Змија? - се стаписа Денко. - Змија, ами што! Има пепелашки, шарки, а нека те служи среќа да не се сретнеш со џиркалец!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Праша:- Ами чаре? - И чарето ќе ти кажам, па да знаеш оти си кај пријател. - рече и се сврте кон братучедите:- Кога мислите да си бегате?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Денес сите сте на ручек кај нас! - рече без посебен увод и без објаснување. - Ами? - се зачуди дедо Димо. - Бате Антим порача, - додаде Кирил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ами нема повеќе, Јоне, вели Велика, ги миев садовите, ја потрошив.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ами влези дома, велам, повели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ами кај го најде, братче Мисајле, велам, што е ова колнатија?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ами, оти молчиш, ја прашувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ами, сега? — Направете се господ, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ами, каде е Горачинов, прашувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- На добро е ами како. Зар да го извалкаме образот на нашиот татко Добре, најдобриот човек на светот!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Има, ами како! Е, тоа ми се допаѓа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ами, чуму ти се кутриве играчки кога нема кој да ги игра?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Татко, не мене, ами Борко го прегрна со едната рака и го прибра до себе и, слушнав, како тој да бил болен и одделен од дома, а не јас, го праша дали сака од зелените или од црвените бонбони.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Повеќе