ами (сврз.)

Има, навистина, 24 букви, но не ги исполнуваат со нив книгите, ами додале уште 11 двогласки и 3 знака за броевите 6, 90 и 900, та се збираат 38 букви.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
А сега човеци от грешно живеење не познават ни Бога ни закон Божиј, ами ходат и живеат како безумни добици.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
А она не му отговорила ништо, ами текле је слзи от очите и учинила ишарет да ја поможат нешто.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Затова требуе да слушаме родители што учат на закон Божиј, а тија што не учат свои чеда книга и закон Божиј не се родители, ами губители и убијци на свои чеда.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Ами како е сестра ти Босилка, син ти Велко?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Ами за Сивета и Чулета како веруваш, бре татко, да за мене да не веруваш му рекол Силјан и си го собул објалото од десната нога та му ја покажал ногата кај што му била заварена“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Море ами кој е тој будала што ќе ти верува, бре Силјане, му рекле селаните, оти си бил штрк.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ами каква нова, т.е. македонска народност, кога ние, нашите татковци, дедовци и прадедовци се викале Бугари?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бугарија досега не знаеше оти решението на македонското прашање не е исклучиво во Софија, ами колку во Софија толку и во Белград, т.е. во согласувањата меѓу Софија и Белград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За убиените четници не кажуваа: “Убиени се толку души Македонци, ами толку души Бугари”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не за друго, ами да не чујат соседине. Што ќе речат? Гледај ги чорбаџииве, се фатиле како џамбази за гуша...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ДЕПА: (се нервира). Не е молзена ами како! Кажувај пак да бегаме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: Ами, во... Како се викаше бре, Анѓеле, вилаетот што ќе те носи компанијата?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ФРОСА: Ги љуби, ами како. Затоа пак и тие го љубат...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Една ме има, ами од што не е свесна работи да ме нема.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ФРОСА: Ами да му текне да ни се искачи од пенџерево, што правиме?!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: Ами кога ќе чуе? А кога ќе му кажам, ќе рече: Леле, на старите им го зел господ умот! (на вратата се појавува Василка).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
— Си дојду, Бино, си дојду, но не по твоа желба, ами по моа, — му одговори Јован на даскалот Бина, сега претседател на Јовановата општина, и почна да си шета, слободно, во својот стар војводски реон.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Тоа беше шо беше!“ — си рече Митра — „ами да гледам сега да се омира со Доста, та да поседиме ошче некоа подина заедно дури да ми потпркнат дечињата, па кога ќе втасаат веќе за работа, да си се оддела и да си а гледам работичката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И Доста се позамисли. — „Ами, ако квикне и некое баце? Тука шо ал правиме?“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе