џамбаз (м.)
Не за друго, ами да не чујат соседине. Што ќе речат? Гледај ги чорбаџииве, се фатиле како џамбази за гуша...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
РИСТАЌИ: Така речи да те личи за маж, а не за џамбаз!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ако сака да а продава ќерка и, нека a извади на атпазар: кој џамбас ќе даде повеќе, на тој нека му а даде, a јас не су џамбас со кобили да трговуам.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На Биновци им притекна на помош самиот нивни анџија — „Бугаринот“ Мито, со сите Јенималци од Битола; на Дима — неговиот „Грк“ Крсте Нале, со сите џамбази и Власи од атпазар и токму на местото каде што Турците го обесија Алекса Турунџа се отвори „муаребе“(Војна).
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сите ние - и ние терористиве и сета онаа мизерија од политичари, патриотари и џамбази и обичните луѓе, како тебе - сите ние сме немоќни пред она што се вика: судбина на Македонија.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
А тие двајца во неа беа останати сами за да си свршат меѓу себе некоја своја работа во четири очи, како купувач и продавач, како купувач и џамбас, а тоа, наеднаш, беше всушност толку просто, така што дури и тој сега ја сфаќаше сосема добро упорноста на мршарот под себе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тодор беше земјоделец и по малку туџарка, џамбас, та веднаш си скрои план: „Ќе и зема вечер кај мене и утре ќе му кажа кај има за продавање добитци, белим ќе капне некој черек и друг.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
9. ГЛЕДАЈ ГО НЕ ОГЛАМНИКОТ, АМИ КОЊОТ - штом веќе си џамбаз, трампењето да не ти е криво, знаеш, твојата прескакулица "ОД КОЊОТ НА ТРОЊОТ" сепак за во циркус е, а не и за обичниот живот...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Кога седнаа да вечераат, во меаната се најдоа и некои џамбази, измешани хрстијани, Турци и Ѓупци, и почнаа да бијат шега, првин со сите потковичани а после само со него, со Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тогаш рипнаа Хаџи Ташку и неговите и кој знае како ќе завршеше сето тоа да не се замешаа џамбазите и Богатин.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Трет од Јаковиот род, Никанор Набожник, самоповикан псалтик, таен учител, неграмотник во лита мантија, всушност пребојадисана дервишка антерија, со секира му исекол рака на некој Черкез, џамбаз и измамник, и избегал на планина, таму по еден Божик да го расчеречат во свадбарски занес прегладнети волци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во листата, меѓу другите, се најдоа и зборовите: арам, муфлуз, резил, тамаќар, башибозук, шашма, далавера, алашвериш, ќелепур-софра, џева, беља, гениш, курназ, маскара, едепсаз, марифет, сафра, рушфет, џамбаз, суртук, мамлаз, чалам, табиет, чаре, јаваш, ајде, таксират, тарапана, ујдурма, усул, чешит, џабе, џган, џумбус, батакчија, бадијала, зулум, налет, угурсуз, шерет, гајле, гајрет, грбал, душман, далавера, дереџе,зандана, зијан, ифрит, калауз, курбан, курназ, маскара, мамлаз, намќор....
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Легнав на каучот и уморен заспав од лутата ракија длабоко тонев налудничав настан се одигра во сонот Робинзон Крусо ми даде малиџано Наезда од лебарки кренаа кон нас отспротива курви дојдоа од Зајас им отидов пијан ко најголем џамбас им дадов да каснат од топлиот колбас
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)