џамадан (м.)
Бошко го послуша. Ги стави парите во џебот од џамаданот.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
На себе носеше стар волнен џамадан и бели искинати бечви, опточени со гајтани.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Евто го слече џамаданот и рече: - Ех, се изморивме!
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Го исчука на една гламна, го извади од џебот ножот со чклен врзан за појас, го иструга лулето одвнатре и го прибра во џебот од џамаданот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Го гледам така во лицето, па во џамаданот, па пак во лицето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Татко беше порачал терзија дома за да му сошие нови бечви и нов џамадан со гајтани опточени. За оној век алишта.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А гледам сѐ што треба има човекот: исправен е, џамаданот му крцка на плеќите, бечвите ги налеал со жили, со јачина.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Голем е Господ“, ќе речеше татко ми, ќе го извадеше ќесето од џебот во џамаданот, ќе му го подадеше на дедо и ќе му речеше: „Еве, татко, толку можев, толку донесов!“
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Зетот Богдан ја поткренал ногата повисоко од невестата, со цврст отсек, му се гледаат белите волнени чораби под ногавиците на бечвите порабени со гајтан; при замавот, дуплите ракави на џамаданот му се поткренале нагоре како крилја од птица; под фесот зафрлен кон тилот му стрчи парче коса како празови лисја влажна од пот; погледот му е свртен кон невестата која ја следи во играта.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тие беа во меки чизми, црвени бечви, зелени кошули и елеци, а преку рамо со црни везени џамадани.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)