јунаштина (ж.)
Нашите земјаци си ја покажаа сета јунаштина и готовност да се пожртвуваат за интересите на својата татковина.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Јунаштина на заем не се зема, а ни со пари се купува.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Каде да најдеме јунаштина, кога ја нема.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ете, ако имаш милост да ме ислушаш да ти раскажам како нѐ насамарија, со итрина, не да речеш со јунаштина.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Како чауш и башчауш во јаничарските редови Мехмед во неколку крвави борби во Персија и Анадолија се одликува со вонредна храброст и јунаштина, а особено со војнички способности и многу придонесе за успешниот исход на борбите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Да коленичи пред нашата јунаштина зашто од нашето молчење ништо пострашно нема, нашата пепел посилно од сите ветришта јачи.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
И листот на кој му недостасуваше твојата јунаштина Мртов им го враќаше на своите корени Гладна за едно колено Двојно што ќе те надвиши.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Мажите, повеќе на подбишега, а и за да ја проверат јунаштината негова, го прифатија облогот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)