јатак м.
јатаклак м.

јатак (м.)

А анархист, државен непријател и јатак можеби и не е такво некое чудо заради што ќе ме натепа. Робијаш - чудо големо!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Да, ти си јатак, уште повеќе се подвитка професорот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Тој не е јатак.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Потоа рече: - Ако ми бидеш јатак – добро ќе ти биде, Жими вера.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го крена погледот и гледа: се накачиле децата на плевната и низ една дупка одгоре му се смеат: - Уа-а-а-а-а, јатак...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога го чу својот глас, развлечен и матен како закан, како порој на оловни слогови кој не ги бришеше сенките на патот туку ги оживуваше, го влечеше по себе сенките-сведоци или јатаци, сеедно, до една бездна во која беше сѐ непознато и над која веќе немаше ништо освен ехото на тие слогови - „Да живеат сите ножови на светот!“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Организацијата пак сака друго: Секој наш човек — рисјанин — да постане јатак, секој да постане селцки кумита; дење да ора и копа, ноќе да тргне со тебе да ти помогне во твоата работа ако ти е тешка сам да а свршиш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И тиа твои јатаци шо те вардат, те вардат оти му даваш бакшиш на децата, те вардат оти имаат извесен ќар од тебе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Четниците, кога ги бараат непријателските јатаци, не тропаат полека и не извикуваат тивко, туку ќе ја искршат вратата и ти, уште нерасонет, ќе ја почувствуваш студената кама под грло.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој тип уметник е хиперинтелигентен крт, стаорец со фантастични рефлекси и интуиција на гениј, тој е алхемичар и научник, господар на дрогите и виртуоз на сарказмот - тој има авторитет пред криминалците и морлоците кои му се јатаци и често делуваат во негово име.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Јатакот брзо потоа ме информира дека другарот Пене ноќе се состанува со некоја девојка по име Анастасија, нагалено Таска од селото која тој ја знаел порано, но која била ќерка на многу познат монархофашист и заколнат непријател на нашата света борба.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ливаѓни имаа свои луѓе овде во селото, јатаци, кодоши и измеќари.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)