јамак (м.)
Беше тоа еден бакарен јамак, во кој предмалку стави еден грст грав и го дополни со вода, под водата гравот се белееше многу побело од снегот и зрната жевареа испрекршувајќи се во одблесокот, а сега сиот грав имаше жебурави лушпи додека зовираше, и јамакот црвено проблеснуваше со својата загреана бакарна површина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во собичката му беше топло и јамакот шумеше на печката.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Очите ѝ биле поинакви кога погледнала во дојденците; го оставила јамакот пред возбудениот Куно Бунгур.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш виделе, слични на повеќебројни апостоли без ореол, како кон грубата маса околу која се стиснале се доближува со нишање на колковите млада жена со јамак за вода.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)