јакуцка (ж.)
По алиштата — бели бечви со црни гајтани, јакучки, со дебели сакми и јанински опинци, а особено кога го видоа белиот коњ, лесно ги препознаа нашите комити.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Сега ќе ги ја кажам „Дедо седи на грутка и си плете јакуцка“.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Зошто ти е јакуцка? Да не берам желади.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Песната гласи: „Дедо седи на грутка и си плете јакуцка.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Поседнале со темни мисли под јакуцките на гуњите да сраснуваат до суровост со изѕемнатата земја, колку-толку заштитени од студот со веленца и кожи или черги, и пак чекале без сигурни предвидувања како ќе се заврши сето тоа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но мускулите ми се ослободуваа од грч, сонцето не беше на голема височина и не се криеше под јакуцка на магла.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По тој настан, натопен со крв и џагор на колеж, никој не се стутулил под јакуцка, малодушнички да се враќа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ако ставиме куничка на јаката и да пуштиме јакуцка со свилена постава, тогаш може да излезе и двесте.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)