јаболкце (ср.)
Го имаше тој поган поглед и додека се сврте кон масичката и за еден миг го опфати својот нож, чие што сечило проблеснуваше притаено на виделината, а не помисли ништо, ни додека почнаа да го чешкаат јаболкцата од прстите со онаа желба да го допре, да го дофати, тоа тивко живинче, што стоеше веднаш тука, а се чинеше како да е наеднаш многу оддалечено, недофатливо, беше еден ист впечаток како кога гледаш од опачината на двогледот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега беше среќен со тоа што е толку добро сместен, а тука беше и неговата долга пушка, чии што метални делови му се впиваа врашки во јаболкцата од неговите прсти, но со која што тој можеше од своето место да ракува многу добро.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Ни студи, мамо, вели Капинка и ѝ играат јаболкцата. Сета снага ѝ игра.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Им мрдаат јаболкцата под гушата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јас се замислувам за децата и почнуваат да ми се поткреваат јаболкцата на образите. Да ми светат очите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И после... леле кога ќе писнеше локомотивата после: како се истураше народот на перонот, како им се отвораа устите, како им се мрдаа јаболкцата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Имаше облечено нова мантија и ставено нова шапка; инаку носеше фетва мантија, излижана и посивена од сонцето; имаше густа брада што му се спојуваше со косата и мустаќите; му се испакнуваа само јаболкцата на образите кои оддаваа црвенило и здравотија; кога газеше, газеше со појадри чекори, при што со нозете како да ја набиваше калдрмата по патот, а мантијата му се затегаше напната во колениците и шушкаше; крстот заедно со клучовите од манастирските порти и простории, провиснати од десниот џеб, му се нишкаа при одење и ѕвецкаа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
СЛИКА: ДЕДО МУ АВРАМ Ковчесто лице со испакнати јаболкца, изразито четвртаста вилица, поврзана со горната со еластични мускули, чиниш како отпосле да е додадена, така што при џваќањето му се спушта подолу од вообичаено, но тоа не се забележува од густата брада; забите прошарани со по некој златен заб, како што ги топел прстените и ги преселувал на нив; со нив прегризува сѐ што ќе му притреба: нокт, конец, или да отреши јазол; кога луѓето ќе му заблазнеа на златниот блесок на забите, ќе им речеше: „Кога по смртта ништо не ќе остане од мене, по нив ќе ме препознаете...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
„Во Јужна Америка и во Африка. Еден вид мува ќе те касне и ги полегнува своите јајца во твојата крв, и кога јајцата ќе созреат, ларвите - мали бели црвчиња - преминуваат во твоите очни јаболкца, токму под мембраната, такашто можеш да видиш како се грчат.”
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На образите имаше длабоки брчки, јаболкцата беа остри под прстите, носот сплескан.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но лицето на Големиот Брат изгледаше како да опстојува уште неколку секунди на екранот, како божем влијанието што го извршило врз очните јаболкца на сите, е премногу силно за да исчезне одеднаш.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Повеќето од шминката се беше размачкала по неговото лице или врз перницата, но лесна сенка од руменило сѐ уште ја истакнуваше убавината на нејзиното јаболкце.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Со треска почна да го моделира, да го ваја, да го гали со дланките, да го милува со јаболкцата на прстите. Да му ухнува живот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Освен површините со пиперки и домати, имаше други со бланучки опојно миризливи и благи, а кога тие завршуваа се појавуваа јаболкца петровки што го немаа вкусот на бланучките, додека ѕарѕалините онака убаво пожолтени и со темни дамки од сончевата страна имаа уште поубав вкус и од бланучките, па сѐ до црешите, праските, грозјето.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Се качи до вратот, кон лицето: јаболкцата, како две резенки од калинка, крупно издадени, ја надсводуваа меката патечка околу усните, вивнати од жар и подотворени не во уплав од болката што ќе следи, туку од страста што ќе ги изобличи.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Таа девојка изгледаше скромно, имаше истакнати јаболкца и косата ѝ имаше боја на смола.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Гледав во таа живост на нејзините очи, во очните јаболкца кои се беа исушиле и собрале, се беа стуткале длабоко во очните шуплини.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)