ѕенѕа (несв.)
кој знае да свири на гајда, прашува со полна уста јадење, и ние со очите го предаваме Флорина Богданоски и Флорин ја донесе гајдата и ја наду и војниците почнаа да ѕенѕаат со газот и тогаш се налути тој старшијата и од раце му ја дрпна гајдата на Флорина Богданоски и, гледај како се свири, му вели и ја дуе гајдата одново, му се црват образите, му се шират како и гајдата, и војниците стануваат, се фаќаат околу трпезите црквински, пијана работа, се фаќаат околу трпезите и после нѐ натераа и ние да играме, а тој свири, беше знаело мртвото, ако војник, беше знаело да свири и ние се фаќаме, било пишано да играме пред мртвите,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но, едно, тоа може само да ми се чини и друго, не знам во што била разликата кога и така и така сево ова е големо ѕенѕање.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ние само ќе ја одведеме свеската таму да ѕенѕа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Јас, се разбира, како божем не забележувам, си ѕенѕав на музиката во бавен и брановиден ритам.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)