шум (м.)
3 песна Но одеднаш се слушна надвор како некој стапи со еден толку тивок шум: четворица натажени Арнаути, без капи, по селскиот се движат друм.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Бегајќи од шумот на твоите врсници, често нешто во мисли те влече: во сонот ги гледаше битките, а најаве место играчки — имаше мечој.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Кога Бугарија со шум сакаше да го реши македонското прашање, водена за носот од македонската емиграција, Србија тихо, со голем успех работеше во Македонија наполно согласно со српската поговорка: „Тиха вода брег рони”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Следствено, Србија при таа борба постигна повеќе од Бугарија, која со шумот што го подигна остана со загуби, а не со добивка.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но затоа Светосавското друштво за таа половина година направи доста шум: во неа, освен науките, имаше и воена гимнастика и маршеви на учениците со музика по Белград и неговата околина и патување во летото по Србија, каде што се произнесуваа громки здравици.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
САВЕТКА: Блиску се. Ајде да побрзаме! (брзо се повлекуваат во куќата). (Пред портата шум и неразбирливи зборови.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ако ви се случило некогаш да сте избегале од дома и првата ноќ да ве затече сред опустени бавчи, каде што шумот на ветерот ви се причинува како сподавен викот од многу гласови, ќе разберете зашто на Мечета – така се викаше тој – сега му тупка срцето како на врапче затворено в клетка.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Го пречека шум од весели гласови и тврди удари на копачите.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Не мислеше ништо, не слушаше шум, а земјата под него се лулееше како езерски бранои; му се стори како да се наоѓа на каик, а модрината на топлата летна ноќ му се причини како лесно разбуричкани води на мирното езеро.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Последен шум од занданите молкна, срца се стегат да не заплачат.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Вардаре горд, подзапри си го одот, Шар планино, наведи главата, бујати гори, молкнете со шумот – денес паднаа Мирче и Страшо.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
с. Ореово, Битолско Во Преспанско сонце зајде И мрак темен покров фрли, a од мракот шум се дига смрт лоша уста зина.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Молчеше. Лилјаците ниско минеа, итро кружеа со шум и со танко цивкање, летаа над нас како фрлен камен.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Нѐ пречека силна светлост и шум на нејасни гласови.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Улицата беше исполнета со шум.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тој шум, тоа претсмртно старечко тресење на колата, не се доближуваше и не се оддалечуваше.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Може и да ја знаеш неговата куќичка. Таа лежи од онаа страна на пенливиот поток, пред бескрајната шума чии тајни, шумови и страсти не ми се познати.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Никола, се сети, раскажувај уште за Африка и боја на шумовите на една џунгла смарагдно зелена и зелена како едни очи.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Пристигаат троми пристигаат уморените коњи на просторот тој далечен и наслутен шум на заборавениот говор Тропаат беспрекин сами пред затворените прозорци изгубено тропаат со нозете тапи без поткови ти земјо по тебе лизгава и масна земјо мирна тропаат темно измешани
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Ти ги љубам градите кротки на кои лежи студена жолтата каверна на ноќта да ти ги покренам двете гранки безлисни Слези подлабоко од тревите под нас е сѐ жолто Се нуркаме во заедничките длабочини по смислата на оваа долга ноќ што нѐ соединува во нашата брза љубов Што сме ние двајцата што крадеме од тишината кога молчат сите прозорци жолти Дали да се вратиме во нив како сомнамбули со парче смисла во очите Или да се препуштиме затворени во ова длабоко нуркање сред ноќта што нѐ открива со една утеха за сите мртви шумови што молчат од прозорците над тревите жолти
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)