шмајзер м.

шмајзер (м.)

Планињето глас дадоја од шмајзери пукање, речиштата протекоја од крвови течење, ридиштата поцрнеја од фашиските мрши.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Викна Коле Канинчето: „Еј другари, дрште се, уште малце ќе влезиме стреде в Македонија. Наполнете шмајзерите, запалете бумбите!“
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Едно одделение од оние борци во англиска, или германска, или италијанска, или измешана од сите униформа, со шмајзери на градите, одело секогаш околу него, едно одделение партизани, штотуку слезени од шумата, по пустите голомразни улици на таа есен, кои во вечерите се исполнуваа со митинзите, баклјадите и демонстрациите, а во другото време оној се шетал низ тие улици и ретко кога излегувал без својата охрана, без тие добри, наивни борци, ослободители, со долги коси одзади, со реденици, оние што се фотографираа сосе шмајзери по црвоточните фотографски работилници, а нивните фотографии мрзнеа по излозите, избоени со мастилави бои, вплетени во некакви срца, или излепени на џепните огледалца, оние сѐ уште со крпени петокраки на капите, што имаа најразлични и најнеобични форми, оние со изрезбарените петокраки на кундаците и со толку решки во дрвото, колку непријатели секој од нив убил, едно одделение такви борци, поредени од сите негови страни, а тој во средината, натегнат и голем, плештест и црвен во вратот, широк и мирен во чекорот, со неколку пиштоли и слични тракатанци, додека луѓето наизлегувале на прозорците и тоа да го видат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тројцата партизани, облечени во германска униформа, со шмајзери во рацете, се спуштија надолу низ буковата корија кон друмот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во бурињата имаше спакувани бомби, шмајзери, англиски пушки, зеленикави кошули, џемпери, фанели, блузи и други материјали.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- И пушка, мала куса пушка - шмајзер, петокрака...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Со едната рака ми ги држи рацете со шмајзерот, а со другата ме дави.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само шмајзерот си го зедов. ,На гости ти дојдов, Кито моме", пеам и трчам, потскокнувајќи де на едната, де на другата нога.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми даваат и шлем, шмајзер и две пачки муниција.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но до него беше еден војник со наперен шмајзер и трето, непознато лице.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дали е вистина дека козите ги убиваат масовно, со шмајзери, со топови во другите републики?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бевме во една богата куќа, можеби бевме преку педесет партизани, имаше јадење, игравме, пукавме со шмајзерите и пушките, и на тој начин се радувавме. Сите бевме млади.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тамам јас го ставам тенџерето на решото кога – ете ти едни двајца милицајци, едниот со шмајзер, другиот со десната рака на футролата од пиштолот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повремено, кога ја средувам документацијата, ги гледам фотографиите од гробовите и прочитувам: „Лазе Костовски и Невена, заедно, 1949 и 1951, на крстот имало две мали елипсоидни слики, но со време испаднале, останале само дупчиња; Стефан Лазески, 194., последната бројка не е читлива; Младен Поцо, 1956; Ица Танеска, името напишано наново со мрсна боја; Боне Попчев, 1945, со елипсоидна слика под стакленце, на еден крај поткршено, сликан залегнат со шмајзер на Сремскиот фронт, каде што е убиен; Стевка Симонова, година нечитка, за спомен од нејзиниот син Тале“.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Ниту едно ниту другото, ама скрнавење на црквата нема да има.... - рече со истиот глас и го помести шмајзерот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А јас, лева - десна, од едниот до другиот крај на жичаната ограда... лева – десна, исправен со германскиот шмајзер обесен на врат, чував и пазев, не дај Боже, некој пезевенк од народните непријатели случајно да не ја вознемири народната власт.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој застана и седна. Го одрами шмајзерот и го потпре на колено.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)