шипинка (ж.)
- Ќе дојдат... шипинки! - радосно извика Трајче. Тенковите не можат да се качат тука в планина.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Како и дедо ми: ако треба за стомак, вари: коњски босилок, суви дренки, шипинки, лисја од коприви, пелин...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Шипинки ќе беше, - рече Србин подотварајќи ги очите.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Некои збираат и лански глогинки, шипинки...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Што велеше Лазор Ночески: „Ако не каснеш црешна, барај јаболко или оскорушка, ако не го завтасаш и тоа, ти остануваат само шипинки и глогинки.“ Толку.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Му ги зеде рацете и му ги прекрсти на мевот, но смучна со носот налутено кога забележа дека палецот на едната рака му стои пикнат меѓу кажипрстот и средниот прст, како да ѝ покажува шипинки.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Дали беа тоа трите дела на Македонија или обична подвала, што се вели, подадена шипинка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
– А каде ви е сега тој клет Чанга? – продолжи шефот. – Чанга е во паркот! – извикавме едновремено, ние децата. – Шипинки во паркот!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Најде голем и цврст стап на патеката, го крена, го изгледа и удри неколку пати по тревата лево и десно од патчето да види дали ќе се скрши, не, не се скрши, ама тревата ја сечеше како срп сѐ до коренот и така, удирајќи лево и десно по патчето, загледувајќи се по крошните на дрвјата од каде летнуваа куп птици преплашени од мавтањето на стапот, туку одеднаш се најде на една ширинка.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Кажи ми ти кај кој ангел сме, која труба ни труби сега? - Јас велам петтата, - одговара Соколе. - Петтата, шипинки!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Види го ти него... Ќе ни продава тука шикли и шипинки. Јадењето вака, јадењето така...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)