шинтер (м.)
Шинтерот чекореше крај мршавото коњче и имаше модро набабрено лице на удавеник.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Човек надвор од сопствениот митски простор е обичен пес деноноќно гонет од бескрупулозните шинтери.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Токму така направи шинтерот Ф во ноќта дотогаш непозната за него; во ноќта кога со чудна помиреност го прифати прогонството во пределот каде кучињата се плашат од луѓето-скитници; во ноќта кога сфати дека дење гулабите се сиви колку и небото, па не се гледаат, исто како да не постојат.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Во последно време гледам шинтери низ градов роварат и секојдневно собираат кучиња по улици.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)