шивач (м.)
Болникавиот шивач, вообразувајќи дека во сите бунари на улицата се удавени мачки, се откажа од вода, сѐ додека скоро зачаден не беше пренесен в болница.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Пораки, збогувања, бакнежи, солзи и, така, возот се одлепи од скопската станица. Бил молер, па шивач...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На челото имаше помалку бори одошто грижи, но не изгледаше помлад, зашто носеше долга брада која му даваше изглед на рабин, иако беше обичен шивач на облека според западната мода и почитуван член на чаршијата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во текстилната фабрика, каде што имаше сѐ на сѐ околу 100-тина работнички – според систематизацијата на работните места, таа ја извршуваше задачата на конфекционер, односно машинист- шивач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Шивачите и сопствениците на бутици задоволно триеја раце.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)