шекне (св.)
Таа ситуација што се пофторува на секој први и што еве сега пак ја доживувам тука во кујната, толку ме вади од памет што имам чувство дека ќе се шекнам или посакувам да се шекнам, убеден дека шекнатиот за вакви работи не се нервира.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Проблемот е во тоа што не можеш да се шекнеш кога сакаш.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Кој ќе ја здогледа, да штрекне од почуда, да шекне од восхит.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Или да подразмислиме малку за некој геј- маж што вака му вели на друг: „Еј, стварно треба да го знаеш филмов ако сакаш да бидеш геј“, или „Не ми се верува дека не си чул за креаторов: чекај, да ти покажам колку страва работи, знам дека ќе шекнеш!“
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)