шашлив прид.
шашливо прил.

шашлив (прид.)

Дните беа во агонија кога се сретнав со шашливиот Кузман на мостот под бронзените јавачи - Александар и Петар Караѓорѓевиќи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Шашливите очи се крстосуваа и гледаа - и во слепиот ѕид, и во улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кузман почна да се пресвиткува, темето скоро му се состави со грбот, шашливите очи набабруваа кон небото.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Гледаше: шашливите очи станаа влажни, испупчени.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Шашливиот го бута кон неа збунетиот другар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но неговите очи се шашливи, ќе се насмее. Гледаат на две страни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Арсо многу личеше на нацртаните луѓе од својата фирма - „војно-цивилен кројач“; беше здрвен, безизразен, шашлив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се наведна кон него, син и испотен, шашлив.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во дни, нејаки од жештина за да се скратат самите себе, козата на некој железничар, ојарила на среде улица животинче со две глави; на стаклата на градската аптека се појавила богородица, гола и со шашливи очи; еден старец по трет пат се разбудил во својот живот со млечни заби.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Зошто имаш криви заби, шашливи очи и бледо блуткава боја? Од страв? Те фаќа паника?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Поточно, нивното здружено претчувство го окотило плашилото: рог во лак свиен на гуштерска глава, под тој рог две пакосни очиња, две жарки, студени и шашливи за да видат сè пред себе, под себе и зад себе заради тоа, доколку патувале по мрак и магла, се грбавеле и никој не сакал да биде последен во редот, без заштита зад грбот, и биле неми и сепак отворени за секој непознат шум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Уште еден таков удар од полн замав пак по голото теме, колку неразбирлив толку и ненужен, и Орлен Шумков со споулавеност во шашливите очи и наведнат над последниот труп можел да објави дека на дружината ѝ е отворен патот кон нови ужаси и кобнички претчувства за невидени зла на копучкиот никаков живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никогаш порано не бев го видел толку искривен и шашлив од грижи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Птицата се сврте кон него, го фокусира шашливиот поглед преку нишанот на својот клун право во неговата глава, па кресна нешто просто и пцостно, го напрчи ветрилото на опашот и навистина одлета, ама не како избркана туку како поканета.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Додека со шашливиот поглед си тука меѓу познајниците, а со третиот крајник пак тука, но меѓу мислите, друштвото се крева и се растура, сопственикот ја расчистува масата, бифето се затвора во одамна затемнетиот театар и ти остануваш сам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)