чучулига (ж.)
На високиот врв од една голема и висока бука, стоеше горски гулаб и гукаше: - Гугу-гу-гугу! Гугу-гу-гугу! Високо на небото леташе, се вишеше и чуруликаше чучулигата.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Чучулигата, во синото небо одвај се гледаше и личеше на мала црна точка.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Високо под облаците чучулигата изведуваше нови летачки фигури.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Куќата нејзина исполнета беше со кафези од секакви птици: канаринци, папагали, жолњи, билбили, колибри, сипки, кралчиња, чучулиги.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Во срцето на дрвото, црвот Му ја гризе срцевината, Дрвото вене и темнее, Красти му ја смукаат топлината, Крај листот чучулига слета.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
„Моето е премолчено Реков, Мојата Певна Проклетија. “ низ мене Низ мене: До болот а низ болот И потаму: До пеколот. чучулигата Не научив Да ги изговарам зборовите Тие од мене капеа Небаре крвта Од срцето На Чучулигата. најлудата песна Кој ја спотна Најлудата песна Во најлудата глава Темна Како Ноемвриска Ноќ? благослов на јадењето Јасен е плачот Песната на внатрешната убавина, Празникот кога сечам леб, Или Кога го благословувам Јадењето: Сопствената Душа. гозба Ме јаде вдахновението Внатрешниот оган, Светлината, Совршенството И Смртта.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
На Вера Кузмановска И одново на птиците помислувам, на полската чучулига, помислувам, која уште при прв допир со болен човек распознава исцелимо од неисцелимо.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Во Едемската градина - корија со рајски дрвја, на дрвјата рајско јаболко, јаболките на златни гранки, на гранките чучулиги, од чучулигите песни, од песните бистри кладенци. До кладенците Дрвото - на - сознанието.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ако сум чучулига чувај ме не дочувувај во портокалов чаталест цвет.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Тие постојано пеат! Среќни се, а особено чучулигите.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
А во селото и околината луѓето не еднаш велеа: - Кога запева Фимка, сонцето некако појасно и потопло свети, појот нејзин ја грее душата, ја смирува лутината, аргатската мака ја олеснува, ги полни срцата со некакво таинствено блаженство и замајување, маѓепсува, скротува, смирува, зближува, воздигнува и возвишува, а чучулигите губат лет во висина и славеите замолкнуваат, слушаат и љубоморат...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)